Дома Топ вести Милан ја стартува операцијата „Дракслер“ – можна размена со ПСЖ!

Милан ја стартува операцијата „Дракслер“ – можна размена со ПСЖ!

drahler

На почетокот изгледаше како луда идеја, но Милан навистина има намера да ја претвори во реалност. Бордот директори на Милан ја започна операцијата „Дракслер“.

Милански „Спорт Медијасет“ тврди дека првата идеја била размена Рикардо РодригезЈулијан Дракслер. Томас Тухел наводно го означил швајцарскиот фудбалер како еден од играчите кој би требало да биде приоритет за левата бековска позиција. Таа позиција во овој момент во ПСЖ ја покрива само Лејван Курзава.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, тука се наидува на проблем. Родригез во овој момент не сака да го напушти Милан и сака да се бори со новајлијата Иван Стриниќ за своето место во тимот.

Од друга страна пак Родригез во Милано во овој момент заработува околу два милиони евра и има договор до јуни 2021 година. ПСЖ е спремен да му понуди три пати повеќе и стандарнот место во првите 11.

Кога е Дракслер во прашање, тој е веќе е отпишан кај Тухел, поради тоа „светците“ се спремни да ги преслушаат понудите. Иако финансиски понудата на Милан не е најдобра, ПСЖ од ситуацијата би можел да извлече максимум. Бидејќи францускиот шампион има проблем поради ФФП (финансискиот фер-плеј) и нема премногу голема сума на располагање.

Гатузо пак е во потрага по играч кој би играл офанзивно веднаш зад напаѓачите.

Медиумите во Италија пишуваат и дека паралелно со оваа зделка се приведува кон крај и трансферот на Бакајоко од Челзи. Тука се очекува да станува збор за позајмица со право на откуп за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Потврдено едно заминување од Милан на крајот од сезоната

Дефанзивецот на Милан, Симон Кјаер (35) на крајот на сезоната ќе го напушти клубот од „Сан…