Дома Топ вести Дали е ова најголем доказ дека Модриќ останува во Реал Мадрид?

Дали е ова најголем доказ дека Модриќ останува во Реал Мадрид?

Сагата околу иднината на Лука Модриќ се уште е главна тема во сите спортски медиуми, кои се погласно шпекулираат со негов евентуален трансфер во Интер.

Модриќ наводно веќе ја прифатил понудата од Интер и чека состанок со претседателот Флорентино Перез на кој ќе побара да му биде дозволен трансфер во Милано.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми тврдат дека Перез не сака да слушне да го пушти Хрватот и како одговор спрема нов договор тежок 12 милиони евра по сезона.

Последните информации кои доаѓаат од Шпанија можеби се најдобар знак дека Модриќ ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“. Имено, тренерот Лопетеги го ставил Модриќ на списокот на фудбалери кои ќе играат на Суперкопот на Европа.

Реал Мадрид на 15-ти август ќе игра против Атлетико Мадрид во Суперкупот на Европа, а Модриќ се наоѓа на листата на повикани фудбалери.

Интер се уште не се откажува и верува во трансферот бидејќи желбата на Модриќ е да се пресели во Милано, па се надева дека Хрватот нема да настапи на тој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…