Дома Топ вести Во Реал бесни: Италијанците пишуваат глупости!

Во Реал бесни: Италијанците пишуваат глупости!

modric

Продолжува сапуницата околу случајот „Модриќ“, Италијанците тврдат едно, Шпанците друго!

Имено Реал Мадрид ги демантираше тврдењата на италијанските медиуми според кои Лука Модриќ порано го напуштил тренингот на Реал со цел да преговара за негов трансфер во Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорите на Реал вчера се вратија од американската турнеа, но како што тврдат Шпанците тие не планирале никаков состанок со Модриќ, а не пак преговори за трансфер, како што објави Џанлука Ди Марцио.

Ќе потсетиме, реномираниот италијански новинар и човек кој важи како експерт за трансфер, напиша дека Модриќ се појавил на тренингот, но истиот го напуштил еден час порано.

„Тоа е лага и глупост која доаѓа од Италија! Не само што не го напушти тренингот еден час порано, тој си замина два часа после сите останатите. Лука е играчот кој секогаш со Серхио Рамос поминува најмногу време на тренинзите. Вчера тој пристигна во Валдебас околу 9:20 часот, а си замина во 14:30“, изјави портпаролот на Реал Мадрид за шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …