Она што се најавуваше вечерва доби и официјална потврда! Тибо Куртоа оди во Реал Мадрид, а Матео Ковачиќ во Челзи.
Тимот на Челзи вечерва преку своите социјални мрежи ги потврди трансферите на Белгиецот и Хрватот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во соопштението стои дека Челзи и Реал Мадрид успеале да ги договорат условите, како и дека сега следуваат лекарските прегледи на фудбалерите кои ќе бидат завршени во текот на утрешниот ден.
Матео Ковачиќ пристигнува во Лондон на позајмица како дел од договорот за трансфер на Куртоа во Мадрид.
Ќе потсетиме за Куртоа ова значи враќање во Мадрид каде што своевремно го носеше дресот на ривалот на Реал, Атлетико.
Куртоа со Реал ќе потпише договор на шест години. Финаските детели се уште не се објавени.
We have tonight agreed terms with Real Madrid for the transfer of Thibaut Courtois, subject to the agreement of personal terms and a medical. As part of the deal, Mateo Kovacic will join Chelsea on a season-long loan.https://t.co/WXhHzEdf6D
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 8, 2018