Овој зимски преоден рок во Премиер лигата не донесе големи звучни засилувања, а инетерсно е дека премиерлигашите трансфер периодот го завршија со профит, односно повеќе продадоа отколку што потрошија.
Тоа е благодарение на неколкуте бомбастични трансфери во Кина, како на примера Оскар за кого платија 80 милиони евра, но и неколку скапи трансфери во Франција.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Вкупно англиските клубови во зимскиот преоден рок потрошија 215 милиони фунти, а инкасирале 255 милиони, што е реткост за Премиер лигата.
Поради тоа зимскиот преоден рок беше прилично досаден, а клубовите кои се борат за висок пласман потрошија ситница.
Имено, Челзи, Сити, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем и Јунајтед заедно потрошиле само 40 илјади фунти, да добро прочиталвте ИЛЈАДИ фунти.
И тоа е заслуга на Арсен Венгер кој за тие пари го доведе Коен Брамал од седмата англиска лига.