Дома Трансфер зона Тотенхем понуди 25 милиони за играч од Чемпионшип

Тотенхем понуди 25 милиони за играч од Чемпионшип

Тотенхем испрати понуда од 25 милиони фунти за играчот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, пренесуваат медиумите на Островот.

22-годишниот Англичанец веќе подолго време се поврзува со „спарси“, кои решија да преземат конкрентни чекор за негов ангажман само ден пред затворањето на преодниот рок.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Грилиш беше во стартниот состав во првото коло од Чемпионшип против Хал Сити и одигра фантастично.

На почетокот на преодниот рок Тотенхем испрати прва понуда за Грилиш од 15 милиони фунти, која Астон Вила експресно ја одби. Медиумите на Островот се оптимисти дека трансферот ќе се реализира до затворањето на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…