Италијанските медиуми се готово сигурни дека ѕвездата на Лацио, Кеита Балде следното лето ќе го напушти „Олипмико“, но најверојатно ќе остане во Серија А.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кеита одбива да го продолжи договорот со Лацио, а вчера и одби да отпатува со тимот во Милано на мечот со Интер.
Поради тоа гогово сигурно следното лето ќе го напушти клубот, а најсилен интерес за 21-годишниот крилен напаѓач покажуваат Милан и Јувентус.
Италијанските гиганти ќе се борат за неговиот потпис, а сумата која Лацио ја бара за да го ослободи африканскиот фудбалер е најмалку 25 милиони евра.