Дома Фудбал Фердинанд: Против Агуеро беше најтешко да се игра

Фердинанд: Против Агуеро беше најтешко да се игра

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд изјави дека Серхио Агуеро е најдобриот напаѓач во ПЛ.

Откако аргентинскиот фудбалер во финалето на Комјунити Шилд го порази Челси и воедно дојде до 200. гола во дресот на Манчестер Сити, пофалби на негова сметка изнесе Рио Фердинанд кој денеска работи како стручен коментатор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Да постигнете 200 голови за Манчестер Сити е фантастичен успех. Мислам дека е најдобриот напаѓач во ПЛ. Играв против него, ми беше најтежок противник. “ – рече Фердинанд, кој Агуеро го почитува повеќе и од сонародникот Хари Кејн кој е брилијантен во дресот на Тотенхем.

„Кејн е одличен играч, но за мене Агуеро е подобар.“

Инаку, Рио како коментатор работи од 2015. година кога ја заврши играчката кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантен пресврт во Лондон на повидок: Челси презема тренер на голем ривал?!

Откако првиот ден од 2026 година Челси го отпушти Енцо Мареска, сè уште се во потрага по н…