Дома Фудбал Дани Велбек има три понуди, која ќе ја избере?

Дани Велбек има три понуди, која ќе ја избере?

Напаѓачот на Арсенал Дани Велбек е на излезните врати на Емирати.

Овој англиски репрезентативец веќе неколку време не игра толку важна улога во екипата на Топџиите, а се чини дека својата среќа нема да ја пронајде ниту кај менаџерот Уни Емери.

Британските медиуми пишуваат дека Велбек е блиску до заминување од клубот и дека веќе има три понуди и тоа од Евертон, Борнмут и Саутемптон.

Наводно, Арсенал е спремен да го продаде Велбек но не е познато за која сума. Неговиот договор важи до јуни 2019. година и се очекува тоа да не биде никаква спектакуларна цифра.

Дани Велбек има 27 години и во кариерата не промени многу клубови. Играше за Манчестер Јунајтед, Престон и Сандерленд, а член е на Арсенал од 2014. година кога пристигна за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…