Дома Фудбал Феномен: Одигра осум меча, а освои четири трофеи!

Феномен: Одигра осум меча, а освои четири трофеи!

Фубдалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е вистински феномен. Доволно му беше да одигра само осум меча за да освои четири трофеи.

22-годишниот Францyзин минатото лето од Монако се пресели во Манчестер Сити, а во последната година дена освои дури 8 трофеи.

И додека другите фудбалери играат по стотици натпревари за да освојат еден трофеј, на Менди само осум настапи му беа доволни за да подигне четири пехари.

Беше шампион на Англија со Сити, го освои Комјунити Шилд купот, Лига Купот и неодамна Светското првенство со Франција.

Во просек на секои два натпревари Менди освојува по еден трофеј!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната во 94. минута го круниса големиот меч на Димитриевски во Елче

Столе Димитриевски ја зачува мрежата во гостинскиот триумф на Валенсија со 1-0. Македонски…