Дома Топ вести „Калчомеркато“: Барселона се договори со Погба!

„Калчомеркато“: Барселона се договори со Погба!

pogba

Манчестер Јунајтед наводно е спремен да го продаде Пол Погба!

Вистинското лудило на трансфер пазарот што туку започнува, во секој финиш од преодните рокови е максимално интересно.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пол Погба за сума од 105 милиони евра се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед, тогаш стана најскапиот фудбалер во историјата, но неговиот рекорд набрзо беше срушен. Сега според италијански „Калчомеркато“ се договорил со Барселона!

Реномираниот италијански сајт пишува дека Погба лесно постигнал договор со Барселона и ги договорил условите со клубот, како и дека сега преостанува да се договорат само каталонскиот гигант и Манчестер Јунајтед.

Имајќи предвид во каков однос е Погба со Мурињо, клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да ги разгледа понудата, а се верува дека би се согласиле на сума од околу 110 милиони евра што е за пет повеќе од онаа за која „ѓаволите“ го купија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…