Премиер лигата е пред самиот почеток, натпреварите започнуваат веќе во петок, а тимот на Фулам е еден од клубовите кои работеше со полна пареа во текот на летото.
Тимот на Фулам предводен од Србинот Славиша Јокановиќ успеа да се избори за враќање во Премиер лигата и има намера тука да остане подолг период.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот од „Кревен Котиџ“ покажа дека има голем финанисиски потенцијал. Веќе ангажираа повеќе засилувања, а најголемо внимание привлекуваа трансферите на напаѓачот Митровиќ (oткупен откако една сезона помина како позајмен), Андре Шурле и Жан Мишел Сери, следен кој пристигнува е дефанзивецот на Арсенал, Калум Чемберс.
Реномираниот „Скај Спорт“ објави дека Фулам и Арсенал постигнал договор за позајмица на Чемберс до крајот на сезоната.
Чемберс има 23 години, кариерата ја започна во Саутемптон од каде што во летото 2014 се приклучи на Арсенал.
Sky sources: Fulham agree deal with Arsenal to sign defender Calum Chambers on season-long loan. #SSN pic.twitter.com/4dRGnhLFgC
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 6, 2018