Дома Фудбал Италија Перез прифати да седне на маса со Интер: Подготвена првата понуда за Модриќ?!

Перез прифати да седне на маса со Интер: Подготвена првата понуда за Модриќ?!

Веќе неколку дена не стивнуваат гласините за можниот трансфер на Лука Модриќ од Реал Мадрид во Интер. Како што се наведува Интер и тоа како е заинтересиран за 32-годишниот играч за врска, додека Модриќ би можел да се одлучи на нов предизвик.

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез на прв поглед беше концизен во својот став дека сака да го задржи Модриќ, па стави и цена за својот играч за врска од дури 750 милиони евра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сепак, сега Италијански „Il Giornale“ носи нови информации. Како што се наведува Интер и натаму се надева дека може да го донесе Модриќ доколку капитенот на Коцкестите изрази желба и му соопшти на Перез дека сака да го напушти Реал Мадрид.

Интер така, како што се наведува подготви и иницијална понуда за Модриќ од вкупно 40 милиони евра. Понудата вклучува позајмица за 15 милиони евра, а потоа и откуп на договорот за дополнителни 25 милиони евра.

„Il Giornale“ пишува дека оваа понуда ќе биде доволна да го донесе Перез на преговарачка маса, но се очекува Реал да побара близу 60 милиони евра. Така Реал за Лука Модрич, како што се наведува бара 25 милиони евра за позајмица и дополнителни 35 милиони за откуп на договорот.

Исто така се шпекулира дека Нероаѕурите веќе неколку дена се во контакт со претставниците на Модриќ, и дека за најдобриот играч на изминатиот Мундијал на „Сан Сиро“ е подготвен богат договор во траење од четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…