Хрватскиот репрезентативец, Шиме Врсаљко вчера ја официјализираше соработката со „нероаѕурите“ и во таа прилика го одбра и бројот во новиот клуб.
После две сезони поминати во Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко се враќа во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јорганџиите“ го позајмија на Интер кој ќе плати 6.5 милиони евра, со тоа што Италијанците имаат и право на откуп наредното лето за сума од 17.5 милиони евра.
Интер денес на својата официјална страна откри и дека Врсаљко во клубот од „Џузепе Меаца“ ќе го носи дресот со број „два“, а навивачите се надеваат дека со неговото доаѓање конечно ќе биде решена позицијата на десен бек која е проблематична уште од заминувањето на Занети и Маикон.
Врсаљко во Атлетико не можеше да ја носи „двојката“ со која го носи дресот на репрезентацијата, бидејќи таа е во сопственост на Диего Годин.
? | What number has @Vrsaljko picked? ?⚫️?#WelcomeVrsaljko #InterIsHere pic.twitter.com/UOg0gg5PqQ
— Inter (@Inter_en) August 2, 2018