Италијанскиот гигант Милан се раздели со дефанзивецот Густаво Гомез, кој се пресели во бразилски Палмеирас.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Парагвајскиот репрезентативец беше на излезна врата од клубот подолго време, а Милан од трансферот ќе добие 6 милиони евра.
Палмеирас ќе му плати на Милан 1,5 милион евра за едногодишна позајмица, а следното лето се обврза да го откупи договорот за додатни 4,5 милиони евра.
Густаво Гомез веќе отпатува за Бразил каде утре треба да ги помине задоволжителните медицински прегледи, а потоа ќе стави потпис на 4-годишен договор.