Дома Трансфер зона Венгер демантира: Не го сакаме Бензема!

Венгер демантира: Не го сакаме Бензема!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за преодниот рок и категорично демантираше дека „топџиите“ се заинтересирани за напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овие деново медиумите на Островот шпекулираа дека фудбалериот на Реал Мадрид, Карим Бензема е блиску до трансфер на „Емирати“.

„Нас во моментов не ни е потребен напаѓач, а не сум ни чил дека Бензема сака да го напушти Реал Мадрид. Мислам дека медиумите пишуваат за тоа бидејќи е Французин исто како и јас“, изјави Венгер, а потоа одговори дали постои можност Бензема да го засили Арсенал следното лето.

„Ме прашувате за летниот преоден рок? Тоа мене не ме интересира. Постојат скаути во овој клуб и тоа е нивна работа. Мојата единствена грижа е следниот натпревар против Ватфорд“, изјави искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…