Дома Фудбал Останато Клоп за дебито на Шаќири: Тоа не е нормално!

Клоп за дебито на Шаќири: Тоа не е нормално!

Ливерпул изминатата вечер го победи Манчестер Јунајтед со убедливи 4:1, а стратегот на клубот на овој клуб, Јирген Клоп посебно воодушевен беше од настапот на Џердан Шаќири.

Шаќири ова лето се пресели од Стоук во Ливерпул, а уште на првиот пријателски натпревар постигна преркасен погодок.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Освен погодокот, Шаќири прикажа и одлична игра, а за Клоп тоа „не е нормлано“.

„Тоа не е нормално после четири дена во клубот се адаптираше на нашиот стил на игра. Сакавме да му помогнеме со позицијата на теренот и други работи. Беше многу подобро отколку што очекувавме. Игравме 90 минути добар фудбал на многу тежок терен за двете екипи“, изјави Клоп.

Клоп додаде и дека во претходниот натпревар против Борусија Дортмунд кој „црвените“ го загубија (1:3) тимот не изгледал добро.

„Ова се припремни натпревари, па кога грешик и треба да изгубиш, но ако извлечеш поука од тој пораз тогаш е во ред“, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се знае каде ќе игра Душан Влаховиќ од следната сезона?

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по нешто повеќе од четири години во клубот. Нема дог…