Младинската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот, откако вечерва во неизвесна завршница беа подобри од селекцијата на Украина.
На Македонија и беше потребен и бод од овој дуел, но на крајот успеаа да победат. Иако во најголем дел од првото полувреме имавме негатива и од три голови, до истекот на првите 30 минути, противникот беше во предност од само еден погодок (14:15). Во второто полувреме се играше гол за гол на двете страни, а ниту една од репрезентациите не успеа да се одлепи на разлика поголема од два гола. Македонија во еден момент имаше и два гола разлика, но Украинците со неколку сврзани погодоци, повторно го вратија водството.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Еден од клучот на победата, беше и одбраната на Марко Кизиќ, во моментите кога имавме еден гол негатива. На крајот подобро се снајдовме и успеавме да запишеме триумф, изразен со резултат 28:27.