Дома Фудбал Италија Леонардо: Ќе биде тешко да донесеме големо име ова лето!

Леонардо: Ќе биде тешко да донесеме големо име ова лето!

Новиот директор на Милан, Леонардо денес и официјално се претстави на пресконференција и зборуваше за плановите на клубот.

Леонардо потврди дека има преговори со Јувентус за Леонардо Бонучи, бидејќи самиот фудбалер го побарал тоа.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Притоа, истакна дека ќе биде тешко ова лето во клубот да пристигне голема ѕвезда, бидејќи Милан мора да ги почитува нормите на Финансиски фер-плеј.

„Преговорите со Јувентус започнаа на иницијатива на самиот Бонучи. Меѓутоа, тоа не значи ние сме приморани да го завршиме тој трансфер по секоја цена. Преговараме, па ќе видеме дали ќе успееме да најдеме договор“, изјави Леонардо, а потоа беше запрашан за Игуаин и Мората.

„Има неколку фудбалери кои минатата сезона играа малку, па ќе се обидеме да најдеме решение за нив. Најверојатно ќе донесеме нов напаѓач, но ќе биде тешко тоа да биде големо име, бидејќи ова лето сме под мониторинг од УЕФА за финансискиот фер-плеј. Ќе видеме што ќе се случи, преодниот рок оваа година завршува порадно“, одговори новиот директор на „росонерите“.

На крајот Леонардо ги демантораше шпекуалциите дека клубот го контактирал Антонио Конте и потврди дека Гатузо ќе биде тренер на „росонерите“ следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најдобриот стрелец во историјата на Франција се повлекува од репрезентацијата

Францускиот голгетер Оливие Жиру објави дека заминува во репрезентативна пензија по Европс…