Дома Фудбал Англија Алекс Фергусон го израдува фудбалскиот свет: Наскоро се враќам на „Олд Трафорд“ (видео)

Алекс Фергусон го израдува фудбалскиот свет: Наскоро се враќам на „Олд Трафорд“ (видео)

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон за прв пат се обрати на јавноста после здравствените проблеми кои ги имаше во мај.

Сер Алекс изрази благодарност за грижата која ја добил после мозочниот удар и вети дека наскоро се враќа на „Олд Трафорд“ за во живо да ги следи натпреварите на „црвените ѓаволи“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Му благодарам на медицинскиот персонал и на сите останати! Верувајте ми, без тие луѓе, кои направија се што е во нивна моќ, денес немаше да бидам пред вас. Му благодарам на семејството и за поддршката која ја добив од сите вас. Ќе се вратам наскоро за да го гледам тимот во новата сезона и му посакувам успех на Жозе“, изјави Фергусон во сцецијално видео обраќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вчера го видовме едно од најголемите понижувања во Лигата на шампионите!

Во еден од најсрамните моменти во историјата на Лигата на шампиони, менаџерот на Тотенхем,…