Дома Трансфер зона Постигнат договор: Врсаљко на чекор од Интер!

Постигнат договор: Врсаљко на чекор од Интер!

„Скај Италија“ пренесува дека Интер е на чекор од уште едно големо засилување, а станува збор за хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нероаѕурите“ беа во потрага по квалитетно засилување на десната бековска позиција, а прва желба беше токму Врсаљко.

После неколку недели преговори со Атлетико Мадрид, денес двете страни конечно постигнаа договор тежок 25 милиони евра.

Имено, Врсаљко ќе пристигне во Интер на едногoдишна позајмица за која „нероаѕурите“ ќе платат 8 милиони евра, а следното лето ќе можат да го откупат договорот за додатни 17 милиони евра.

Врсаљко веќе има постигнато договор со миланскиот клуб и само чека сигнал за да пристигне во Италија на медициски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…