Дома Трансфер зона Де Роси го шокира фудбалскиот свет: Парите не ми се важни, сакам да играм за Бока!

Де Роси го шокира фудбалскиот свет: Парите не ми се важни, сакам да играм за Бока!

Легендата на Рома, Даниеле де Роси по завршувањето на сезоната најверојатно ќе ја напушти Рома, но нема да оди по парите кои му ги нудат во САД и Кина, туку ќе се води исклучиво по фудбалски принципи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де Роси во досегашната кариера играше само во Рома, чии член е веќе 15 години, но најверојатно тој по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќ раководството му нема понудено нов договор.

Иако има богати понуди од САД и Кина, Де Роси изјави дека парите не му се важни и сака да го оствари сонот да заигра за Бока Јуниорс.

„Сега е веројатно вистинското време да остварам уште еден сон. Би сакал да играм во Бока Јуниорс, парите не се важни. Како дете сонував да играм во аргентинското дерби, да ги бранам боите на Бока против Ривер. Се надевам дека ќе добијам шанса“, изјави Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…