Дома Трансфер зона Интер спреми 50 милиони за Андерсон

Интер спреми 50 милиони за Андерсон

Медиумите најавуваат дека Интер ќе биде многу активен во летниот преоден рок, а еден од фудбалерите кои сака да ги доведе на „Џезепе Меаца“ е и ѕвездата на Лацио, Филипе Андерсон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер следното лето ќе прави мини реконструкција и промени во играчкиот кадар, па медиумите тврдат дека една од најголемите желби на тренерот Стефани Пиоли е ѕвездата на Лацио, Филипе Андерсон.

Андерсон игра фантастично во дресот на Лацио но смета дека ја надраснал таа средина и сака да замине доколку пристигне адекватна понуда.

За потписот на Бразилецот заинтерсирани се неколку клубови ширум Европа, но Интер е спремен да ја победи конкуренцијата со понуда од 50 милиони евра.

Андерсон својата фудбалска афирмација ја доживеа токму под водство на Пиоли и сигурно со задоволство би прифатил да се пресели во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…