Спектакуларната трампа помеѓу Милан и Јувентус е главна тема во Италија и медиумите постојано откриваат нови детали.
Преговорите веќе се во напредна фаза, а големата размена на играчи не ги вклучува само Бонучи и Игуаин, туку и дефанзивецот Матија Калдара.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, „росонерите“ во замена за Бонучи го сакаат младиот дефанзивец кој ова лето пристигна од Аталанта и се уште нема одиграно ниту еден меч за Јувентус. 24-годишниот стопер важи за еден од најголемите таленти во Италија и од Милан сметаат дека ќе биде идеална замена за Бонучи.
Вредноста на Калдара и Бонучи е приближна на трансфер пазарот (околу 40 милиони евра) па затоа на двата клуба им е полесно да договорат таква трампа, а трансферот на Игуаин да биде одделна операција.
„Бјанконерите“ сакаат по секоја цена во договорот да биде вклучен и Игуаин за кого Милан е сериозно заинтересиран. Во моментов се преговара за вредноста на Аргентинецот, Јувентус бара 60 милиони евра, додека „росонерите“ се спремни да платат 50 милиони.
Денес преговорите помеѓу двата клуба повторно ќе продолжат, а „Газета дело Спорт“ открива дека можно е во целиот договор да биде вклучен и Марко Пјаца, кој е на излезна врата од Јувентус.