Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде аргентинскиот репрезентативец Маркос Рохо за да го финансира купувањето на нов дефанзивец, пренесуваат англиските медиуми.
Еден од приоритетите на Жозе Мурињо е засилување на одбраната, а главна цел е англискиот дефанзивец Хари Мекгваер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 50 милиони евра за дефанзивецот на Лестер, но „лисиците“ бараат 10 милиони евра повеќе.
#mufc have made Harry Maguire their first-choice transfer target and would be willing to spend £50m to acquire his services #mulive [telegraph]
— utdreport (@utdreport) July 23, 2018
Како алтернатива се споменува Тоби Алдервајлед од Тотенхем. Наводно Манчестер Јунајтед веќе започнал преговири со „спарси“, но најпрво треба да се ослободи од еден дефанзивец. „Мирор“ тврди дека Мурињо му ја отворил излезната врата на Рохо.