Дома Фудбал Италија Милан го отпушти и Мирабели, виси и Гатузо – направен е контакт со Конте

Милан го отпушти и Мирабели, виси и Гатузо – направен е контакт со Конте

Новите сопственици на Милан започнаа големи промени во клубот и ќе го променат буквално цело раководство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред два дена беше отпуштен генералниот директор Марко Фасоне, а денес отказ доби и спортскиот директор Масимилиано Мирабели.

Мирабели денес имаше состанок со новиот претседател Скарони и му беше соопштен отказот, а на негово место ќе биде назначен Леонардо. Како генерален директор ќе биде именуван Умберто Гандини, кој 23 години работеше како директор во Милан.

Покрај промената на целокупното раководство италијанските медиуми пренесуваат дека „виси“ местото и на тренерот Џенаро Гатузо. Имено, новото раководство веќе ги направило првите контакти со Антонио Конте.

Гатузо најверојатно нема да биде сменет веднаш, но новите сопственици сакаат да постигнат преддоговор со Конте за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Желби кои треба да се исполнат: Кого сè Мурињо сака во Реал!

Жозе Мурињо, кој се очекува со голема извесност да стане новиот тренер на Реал Мадрид, веќ…