Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд е на добар пат да го комплетира трансферот на белгискиот репрезентативец Аксел Витсел.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Витсел после одличното европско првенство би можел да се врати во Европа. „Милионерите“ веќе постигнаа договор со играчот, а на кинески Тијанжин се спремни да му платат 20 милиони евра за неговиот потпис.
Оваа вест е одлична и за Пари Сент Жермен, кој е силно заинтересиран за младиот играч за врска Јулијан Вајгл.
Дортмунд за 22-годишниот играч за врска бара 50 милиони евра, па останува да видиме дали ПСЖ е спремен да ја плати таа сума.
Тухел го сака Вајгл по секоја цена во својот тим, а медиумите тврдат дека Витсел доажа во Дортмунд токму како замена за младиот Германец.