Дома Фудбал Се е во рацете на Сари: Жиру на прагот на Атлетико Мадрид?!

Се е во рацете на Сари: Жиру на прагот на Атлетико Мадрид?!

Речиси сигурно беше дека Никола Калиниќ ќе биде тој кој во тимот на Атлетико ќе го наследи Фернандо Торес. Меѓутоа, како во Мадрид да се предомислуваат, па сега пристигна информација дека Јорганџиите го контактирале Челзи за отстапување на Оливие Жиру.

Според информациите на Џанлука ди Марсио, прилично веродостоен кога се во прашање случувањата на фудбалскиот пазар, Атлетико на Челзи му понудил едногодишна позајмица. Тука меѓутоа има малку нелогичности, со оглед на тоа дека Ди Марсио пишува и за можност на откуп на договорот, и наведува дека тој дел од страна на Челзи е обврзувачки. Нелогично е што францускиот репрезентативец следното лето станува слободен игграч и сам ќе се прашува за својата судбина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, целата работа има смисла, бидејќи во Мадрид не стигнал уште договорот на понуда од 20.000 евра за Никола Калиниќ, а на Јорганџиите не им се чека. Прашање е исто така и дали за Жиру има место во тимот на Челзи, ако „Плавите“ ја исполнат желбата на новиот предводник Маурисио Сари и од Јувентус го донесат Гонзало Игуаин.

Иако, и во Мадрид Жиру би бил дури трет шпиц, зад Антоан Гризман и Диего Коста. Но, со оглед на тоа дека Чоло Симеоне игра со два шпица, би имало тука минути. Повторно, ќе претпоставиме дека првиот шпиц на новиот светски првак веројатно себеси се гледа како стартер во некој голем клуб, а не како резерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Штета: Милер постигна убав гол уште на дебито за новиот клуб, но беше поништен (Видео)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го имаше своето деби синоќа за новиот тим Ванк…