Дома Трансфер зона Јувентус купи шведски репрезентативец!

Јувентус купи шведски репрезентативец!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е пред комплетирање на трансферот на играчот на Палермо и шведски репрезентативец, Робин Квајсон.

„Старата дама“ ќе плати 2,8 милиони евра, а идејата е 23-годишниот играч за врска до крајот на сезоната да остане во Палермо.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Договорот на Квајсон со Паермо истекува на крајот на сезоната, па јасно е дека „бјанконерите“ со овој потег сакаат да го „капарат“ фудбалерот за од следната сезона да се пресели во Торино.

Станува збор за централен играч за врска, односно креативен плејмејкер кој оваа сезона веќе запиша 16 настапи во Серија А.

Веќе девитираше за сениорската шведска репрезентација, каде запиша 5 настапи на кои постигна 2 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја сака ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…