Дома Трансфер зона Челзи го пушта Ивановиќ во Зенит!

Челзи го пушта Ивановиќ во Зенит!

Англиските медиуми пренесуваат дека Бане Ивановиќ би можел да се врати во Русија точно девет години после заминувањето од Локомотив Москва.

Имено, за дефанзивецот на Челзи силен интерес покажува руски Зенит, а „сините“ се спремни да го пуштат Србинот шест месеци пред истекот на договорот.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


32-годишниот Ивановиќ има договор со Челзи до крајот на сезоната, но Конте воопшто не смета на неговите услуги, па „сините“ нема да се противат на негово заминување уште во зимскиот преоден рок.

Интерес за Србинот претходно покажаа Евертон, Лестер и Вест Хем, но Челзи не сака да го препушти на ривалите од Премиер лигата и преферира да ја прифати понудата на Зенит.

Ивановиќ пред девет години дојде на „Стенфорд Бриџ“ од Локомотив Москва, па ова за него ќе биде враќање во руската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во напредна фаза, Барса на чекор до големо засилување

Барселона е во напредни преговори со дефанзивецот на Леверкузен и германската репрезе…