Дома Трансфер зона Јувентус бара 100 милиони од Челзи за Ругани и Игуаин

Јувентус бара 100 милиони од Челзи за Ругани и Игуаин

Главни трансфер желби на новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари се двајцата фудбалери на Јувентус, Даниеле Ругани и Гонзало Игуаин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба веќе ги започнаа преговорите, а италијанските медиуми пренесуваат дека Роман Абрамович лично допатувал во Милано да се сретне со челниците на „старата дама“.

„Бјанконерите“ за двајцата фудбалери бараат 100 милиони евра, од кои 60 за Игуаин и 40 милиони за Ругани.

Преговорите за Ругани се во наредна фаза и најверојатно ќе бидат завршени до крајот на неделата, додека за Игуаин сигурно ќе потраат подолго.

Челзи е спремен да ја плати споменатата сума, а доколку трансферите се реализираат тоа значи дека „сините“ сигурно ќе се ослободат од Кејхил и Алваро Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…