Луис Хамилтон и во следните две години ќе вози за „Мерцедес“, откако Британецот денес стави потпис на нов договор.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според новиот договор Хамилтон ќе добива фантастична плата од 40 милиони фунти по сезона.
„Новиот договор во основа беше формалност уште од зимото кога јас и Тото седнавме да разговараме. Мило ми е што ставив потпис на документите, ја соопштивме веста и сега можеше да си продолжиме со секојдневната работа. Дел сум од семејството Мерцедес скоро 20 години и никогаш не сум бил посреќен“, изјави Хамилтон.
Англискиот возач беше четири пати шампион во Формула 1, а ќе остане уште најмалку две сезони во Мерцедес.