Дома Фудбал Варан: Мбапе е млад вонземјанец!

Варан: Мбапе е млад вонземјанец!

Дефанзивецот на Франција, Рафаел Варан даде интересна изјава за неговиот сонародник и соигра од репрезентацијата Килијан Мбапе.

Рафаел Варан го одреди 19-годишниот напаѓач на ПСЖ за најмладиот вонземјанец кого го запознал.

„Познавам неколку вонземјанци. Мислам дека сега за прв пат сретнувам млад вонземјанец. Обично се запознавам со вонземјани кои имаат по 25 или 30 години. На Мундијалот во Русија сретнав еден кој нема ни 20 години“, изјави Варан.

„Кај него се се случува брзо. Кога разговарам со него за тактиката пред натпреварите, немам време да ја довршам реченицата, бидејќи тој веќе ме разбрал и ја обработил онформацијата“, додаде Варан за „Екип“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…