Дома Топ вести Готово: Бонучи се договори со ПСЖ

Готово: Бонучи се договори со ПСЖ

Леонардо Бонучи кој минатото лето пристигна како големо засилување од Јувентус, после само една година може да го напушти Милан.

Бонучи наводно е незадоволен од неизвесната клупска политика, сака амбициозен проект и веќе го известил раководството на „росонерите“ преку својот агент Александро Лучи дека сака да замине.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Денес италијанските медиуми пренесуваат дека Бонучи веќе постигнал договор со ПСЖ за четиригодишна соработка.

Во наредните денови неговиот агент Александро Лучи ќе ја претстави понудата на „светците“ до раководството на Милан.

„Росонерите“ минатото лето платија 42 милиони евра за неговиот потпис, па се претпоставува дека нема да го пуштат за сума помала од 40 милионие евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…