Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез нема да замине со екипата на припреми за новата сезона кои овој клуб ќе ги одработи во САД.
Црвените ѓаволи традиционално еден дел од припремите ќе ги поминат во Америка каде ќе одигра неколку пријателски натпревари. Сепак, хендикеп за Жозе Мурињо сигурно ќе биде тоа што нема да смета на Санчез, бидејќи Чилеанецот не доби виза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Олд Трафорд потврдија дека Алексис не замина со екипата во САД, поради административни проблеми. Сепак, англиските медиуми успеаа да откријат зошто Алексис не доби виза и ќе тренира сам се додека екипата не се врати од Америка.
Имено, додека играл за Барселона овој фудбалер имал проблем со данокот во Шпанија, а тоа сега скапо го чинеше. Алексис е обвинет во Шпанија за затајување данок и поради тоа САД не му одобриле виза и влез во државата.