Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ се подготува за утрешното финале на Светското првенство.
Брозовиќ воодушеви со своите партии на Мундијалот, а во Италија веќе медиумите пишуваат дека Интер е спремен да му понуди нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Брозовиќ само пред неколку месеци беше исвиркан од фановите и беше на чекор од трансфер во јануари, но сега работите се променија.
„Марсело е среќен во Интер и е спремен да го продолжи договорот со клубот доколку ни предложат подобри услови“, изјави неговиот агент Биканиќ.
„Можно е да пристигне понуда и од дриг клуб. Во неговиот договор има откупна клаузула од 50 милиони евра. Брозовиќ е среќен во Интер, но ако некој го сака треба да ми се јави“, додаде агентот.