Репрезентацијата на Хрватска утре игра во големото финале на Мундијалот против Франција, а во Москва денес беше оддржана прес конференција на која пред јавноста се обрати Златко Далиќ.
Селекторот на Хрватска порача дека играчите и целиот тим се горди на тоа што екипата се пласираше во финалето, и дека тоа е огромен резултат. Далиќ се осврна и на проблемите со повредите бидејќи негата екипа дури три пати мораше да игра во продолженија на патот до финалето.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Утре е финалето на СП и играчите знаат што значи тоа. Ме радува што секој од нив би ми кажал ако не е подготвен да игра бидејќи создадовме таков однос никој да не игра ако не е подготвен 100%. Не инсистиравме да тренираме бидејќи немаме веќе што да тренираме, се знаеме и само ни е потребен одмор. Морам да признаам и да кажам дека имаме некои проблеми, но ќе ги решиме. Ако не ги решиме нема да бидам загрижен бидејќи имаме играчи кои се подгтовени да ускокнат“, истана Далиќ.
Далиќ се осврна и на односнот кој го има со играчите и кој ги воодушеви хрватските навивачи.
„Меѓу нас владее голема почит. Со нив сакам да бидам пријател бидејќи тоа е единствен начин за успех. Јас носам одлуки, но нашиот однос е одличен и нема простор за лоши тонои. Дојдовме овде да направиме резултат и имаме искрен однос полн почит. Не носам ниту една одлука пред да разговарам со нив“, додаде Далиќ и го прокоментира фактот дека Хрватска во пет дуели против Франција нема ниту една победа.
„Не не интересира статистиката и приказните против кого играме. Утре е финале и дојдовме овде да уживаме во финалето и да дадеме максимум. Ова е време кое го заслуживме и сакаме максимално да уживаме во тоа. Идеме во битка и ќе се фрлиме на глава“.