Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Што се случува со голманите на Монако во финалињата на мундијалите?

Што се случува со голманите на Монако во финалињата на мундијалите?

Голманот на Монако, Даниел Субашиќ веројатно ќе биде во центарот на вниманието во текот на финалниот натпревар на Мундијалот против Франција.

Причината е многу интересна. Како што напишавме погоре, Субашиќ брани за Монако, а голманите на овој француски клуб се вистинска лоша среќа во финалињата на Мундијалите. Имено, во списокот на репрезентациите кои ги загубија последните три финалиња на светските првенства секогаш имаше голман кој во еден дел од кариерата бранел за Монако.

Така Франција 2006. година, кога загуби во финалето од Италија, на голот го имаше Фабиан Бартез кој своевремено бранеше за Монако, Холанија во 2010. на клупата го имаше Мартен Стекленбург, а Аргентина пред четири години Серхио Ромеро. Од споменатите тројца ниту еден во тој момент не беше голман на Монако, па тоа може да биде олеснителен фактор за Субашиќ, бидејќи во моментов тој е голман на овој клуб.

Како и да е, станува збор за статистички податок кој не мора апсолутно ништо да значи и кој веројатно нема да завземе многу простор во главата на хрватскиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Се поклопија резултатите: БиХ ќе игра во нокаут-фаза на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во нокаут-фазата на Светс…