Дома Фудбал Марез: Гвардиола е главната причина што сум овде

Марез: Гвардиола е главната причина што сум овде

Алжирскиот фудбалер Ријад Марез конечно потпиша за Манчестер Сити, со што е завршена една од најдолгите трансфер саги во Англија во последните неколку години.

Поранешниот англиски шампион со Лестер потпиша петгодишен договор со Манчестер Сити, кој го плати 61 милиони фунти.

По доаѓањето на Етихад, Марез го задужи својот број 26 и откри дека најголемата причина за трансферот во Сити е Пеп Гвардиола.

„Да бидам искрен, Гвардиола е главната причина поради која сум овде. Убаво е чуството да знаете дека ве посакува еден таков тренер. Тој овде е кратко, а веќе испиша историја со овој клуб. Се радувам за нашата идна соработка.“

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…