Српскиот фудбалер Лазар Марковиќ повторно е во Англија и овој пат ќе го носи дресот на Хал Сити до крајот на сезоната.
22-годишниот фудбалер на Ливерпул, Лазар Марковиќ летото беше испратен на позајмица во Спортинг Лисабон, но таму главно беше на клупата па мораше да бара нов клуб.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Марковиќ пристигна на „Енфилд“ во 2014-та година како голем потенцијал. Тој беше купен од Бенфика за 25 милиони евра, но сепак не успеа да ги оправда очекувањата и постојано е испраќан по позајмици.
Од Хал Сити сега очекуваат Марковиќ да ја врати својата форма и да му помогне на тимот да избори опстанок во Премиер лигата.