Вечерва со почеток во 20:00 часот се одигра првото полуфинале на Мундијалот во Русија, по што го добивме првата репрезентација која ќе игра во големото финале.
Во големото дерби помеѓу Франција и Белгија се радуваа Французите, Белгија мораше да се помири со елиминација во полуфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Галските петли“ успеаа да стигнат до финалето со минимална победа од 1:0.
Натпреварот започна прилично изедначено, без посериозни прилики. Јасно, повеќе се мислеше да не се прими погодок отколку да се тргне во офанзива.
Во првите 45 минути не видовме погодок.
Одлучувачкиот момент се случи после само шест минути игра во вториот дел. Антоан Гризман изведе одличен корнер, а највисок во шеснаесетникот беше стоперот на Барселона кој успеа да го совлада Куртоа.
По, овој погодок како што одминуваше времето, Франција се повлекуваше на својата половина и ја бранеше минималната предност, Белгија немаше што да брани се отвори, но сепак остана без погодок.
Во финишот преку Толисо Франција пропушти и 100% прилика за поубедлива победа.
Франција својот противник во финалето ќе го добие во утрешниот натпревар во кој ќе се сретнат Хрватска и Англија.