Дома Трансфер зона Јувентус и Челзи се договорија: Ругани на чекор од „Стенфорд Бриџ“

Јувентус и Челзи се договорија: Ругани на чекор од „Стенфорд Бриџ“

И додека целиот свет ја очекува официјализацијата на трансферот на Кристиано Роналдо, италијанските медиуми пренесуваат за друг трансфер поврзан со Јувентус.

Имено, „СпортМедиасет“ пренесува дека Јувентус и Челзи постигнале договор за трансфер на дефанзивецот Даниеле Ругани.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Сините“ се согласиле да платат 40 милиони евра за италијанскиот дефанзивец кој во наредните денови треба да пристигне во Лондон на лекарски прегледи.

Вчера Ругани ги започна подготовките со Јувентус, но италијанските медиуми тврдат дека веќе во петок ќе пристигне во Лондон.

23-годишниот италијански дефанзивец минатата сезона одигра 22 натпревари за „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…