Откако двата клуба постигнаа договор, Жерар Делуфеу синоќа простигна во Милано на лекарски прегледи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот крилен напаѓач денес треба да ги помине медицинските прегледи и официјално да стане играч на Милан.
Станува збор за позајмица до крајот на сезоната, но следното лето „росонерите“ ќе имаат предност во преговорите и ќе можат да го откупат неговиот договор.
„Многу сум среќен што сум овде. Го избрав Милан бидејќи тоа е еден од најголемите клубови во светот“, изјави Делуфеу.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан брза да го официјализира трансферот најдоцна до утре, за играчот да може да биде повикан за натпреварот во среда против Јувентус во Купот.