Дома Фудбал Репрезентации „Марка“ го открива името на новиот селектор на Шпанија?

„Марка“ го открива името на новиот селектор на Шпанија?

Шпанскиот реномиран медиум како ударна вест го најавува расплетот после заминувањето на Фернандо Јеро.

Прашањето за нов селектор на Шпанија изненадувачки стана актуелно пред самиот почеток на Мундијалот, кога Лопатеги беше заменет поради прифаќањето на понудата од Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фернандо Јеро го прифати тешкиот предизвик и ја превзема „Фуријата“, но после елиминацијата во осминафиналето од Мундијалот, одлучи да се повлече од селекторската функција.

Секако, како и што се очекуваше шпанските медиуми експресно започнаа да го најавуваат името на новиот селектор, а во тоа се издвојува „Марка“ која како ударна вест на своето издание дознава дека Луис Енрике ќе биде нов селектор на Шпанија.

48 годишниот Енрике после заминувањето од клупата на Барселона фигрураше како потенцијално решение за клупата на Челзи, но најновите случувања во националниот тим би можеле да го натераат да размисли за враќање во татковината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шефовите на Милан ќе направат уште еден обид да го задржат Мењан

Раководството на Милан ќе одржи нова средба со претставниците на голманот на тимот Мајк Ме…