Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Во таборот на „Коцкестите“ на завладеа заморот: Модриќ го најави пеколното полуфинале…

Во таборот на „Коцкестите“ на завладеа заморот: Модриќ го најави пеколното полуфинале…

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ истакна дека неговата екипа во синоќешното четвртфинале против Русија уште еднаш покажа карактер и истакна дека ќе ужува во претстојното полуфинале против Англија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хрватска се пласираше во полуфиналето на Мундијалот, откако по пенал рулетот ја елиминираше селекцијата на домаќинот Русија.

„Уште една драма за нас. Не игравме добро во првото полувреме, не ја контролиравме играта онака како што сакавме. Од почетокот на второто полувреме игравме многу подборо, но за жал не успеавме да го завршиме мечот“, истакна Модриќ.

Фудбалерите на Хрватска за местото во големото финале ќе се борат со селекцијата на Англија.

„Повторно покажавме карактер. Во полуфиналето сме и ќе уживаме во тој меч. Имаме доволно време да се одмориме и добро да се подготвиме“, истакна Модриќ.

Полуфиналето е на програмата на 11. јули во Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…