Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот на Арсенал, Џек Вилшер кој моментално настапува на позајмица во Бурнмаут.
Венгер сака да го задржи плејмејкерот и веќе му понуди нов договор, но „росонерите“ се упорни во намерата и наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Наводно италијанскиот клуб е спремен да понуди 30 милиони евра, сума која ќе ги задоволи апетитите на „топџиите“.
Доколку се реализира овој трансфер Вилшер ќе биде првиот Англичанец на „Сан Сиро“ уште од Дејвид Бекам.
Вилшер има 25 години и до сега има 34 настапи за англиската репрезентација, а медиумите тврдат дека е голема желба на тренерот Винченцо Монтела.