Реал Мадрид не бараше долго време замена за Роналдо кој веќе ги договорил сите услови околу трансферот во Јувентус.
Како што пишува „ОК Дајари“, а пренесува „Калчомеркато“, Реал размислува за можноста да го доведе фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Англискиот репрезентативец не се наоѓа во првиот план кај Мурињо и веќе се шпекулираше за тоа дека 20-годишниот крилен напаѓач привремено би можел да го напушти „Олд Трафорд“ за да добие минутажа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изгледа дека Реал во него гледа она што Португалецот не го гледа и сака да го доведе заедно со Мбапе, со кого би правеле супер брз напад на Реал во следната деценија. Доколку остане и Герет Бејл, тоа би можело да значи и најбрзото трио на напаѓачи во светот на фудбалот, но засега се прашува само клубот од „Олд Трафорд“.