Дома Фудбал Италија Реал е јасен: Добро, ја прифаќаме понудата, но Роналдо мора да ја каже вистината

Реал е јасен: Добро, ја прифаќаме понудата, но Роналдо мора да ја каже вистината

Секојдневно пристигнуваат нови информации за можниот трансфер на Роналдо во Јувентус. Иако никој не веруваше пред неколку дена дека Роналдо би можел на крајот да заврши во редовите на Старата дама, сега се поизвесно е дека тоа ќе се случи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според она што го пренесуваат медиумите од Шпанија и Италија, Реал Мадрид планира да го пушти својот најдобар играч во редовите на Јувентус за 100 милиони евра, но само доколку Роналдо излезе пред јавноста и соопшти дека негова е одлуката да го напушти клубот.

Да потсетиме, како што пренесуваат овие денови италијанските медиуми, трите страни уште во јануари направиле преддоговор со кој Роналдо ова лето ќе го засили Јуве за 100 милиони евра.

Сепак, Реал нема лесно да се носи со критиките на навивачите доколку Роналдо замине, па сака Португалецот јасно да порача пред јавноста дека тој самиот сакал да замине.

Исто така, таквиот расплет на ситуацијата би овозможил Реал јавно да му се заблагодари за да се избегне црното сценарио кое се случи кога Касиљас пред три години го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погледнете ја реакцијата на Енрике кога му го кажаа резултатот од „Ел Класико“ (Видео)

Барселона синоќа ја осигура својата 29-та титула шампион на Шпанија. На домашниот терен на…