Дома Фудбал Останато Мајсторите така влегуваат во легендите: 500-ти гол на Ибрахимовиќ во кариерата (видео)

Мајсторите така влегуваат во легендите: 500-ти гол на Ибрахимовиќ во кариерата (видео)

И тоа во ремито со Ди Си Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендата вели – Златан Ибрахимовиќ не знае да постигнува обични голови и секој мора да биде по нешто посебен. Дека е навистина така се уверивме изминатата ноќ кога Златан го постигна својот 500-ти гол во кариерата.

Златан тоа го направи 5-тата минута против Ди Си Јунајтед кога ја зафати топката на маестрален начин иако беше во дуел со еден противнички играч.

Ибрахимовиќ е само вториот шведски фудбалер со повеќе од 500 голови во кариерата, претходно тоа го направи Гунар Нордал кој играше во далените 50-ти години и на своето конто запиша 513 погодоци.

Кога се активните играчи во прашање Златан е трет кој ја помина оваа граница. Први секако се Лионел Меси (644) и Кристиано Роналдо (676).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…