Младиот шпански фудбалски репрезентативец, Фабијан Руис Пења ќе се пресели од Бетис во Наполи штом ќе ги помине лекарските прегледи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наполи на Бетис ќе му плати 30 милиони евра, а играчот за врска ќе потпише петгодишен договор вреден 2,5 милиони евра.
Руиз денеска допатува во Наполи на медицински прегледи откако што италијанскиот клуб активираше откупна клаузула за него.
Руиз е дете на Бетис, за првиот тим дебитираше во 2014. година, а минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна три гола. Покрај Бетис беше и на позајмица во Елче.